Фото – Навивачки песни и бакли гореа во Парк, Куманово славеше

Навивачката група ,,Кумани,, направи вистинска атмосфера на дуелот Струмица- Куманово во салата Парк и му даде “шмек” на овој дуел кој го добија гостите со резултат 80:70 . Откако во цел натпревар навиваа и скандираа, во последниот период запалија бакли и ја “задимија” салата во која одамна не сме виделе таква слика.

Што се однесува до натпреварот, кумановци уште во самиот старт ја најавија победата а домакините не разочараа. Струмица одигра ,,брановито,,  а во третиот период стасаа и до негатива од 2 (50:52), но избраниците на Марјан Србиновски не дозволија резултатски пресврт и победа на Струмица, кошаркарите на Златко Зетов.

Во првото полувреме заиграа ,, тројките,, кај струмичани . Предничеше младиот Филип Спасев кој имаше стопроцентен учинок три од три. Тој заедно со Томче Соколов со две тројки беа расположени за постигнување кошеви кај домаќините  но не доволно за пресврт во првите две четвртини кои завршија со предност од 9 поени за гостите.

Откако не ја искористија шансата да дојдат до израмнување, Куманово преку Трајковски и Мандиќ направија предност од десетина поени кои ја одржуваа до крајот на средбата. Токму тие беа најефикасни кај гостите додека кај струмичани тој епитет го понесоа Соколов со 16  Мркович  со 15 Богоев со 13  и Спасев со 11 поени

Related posts

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција