Младите на Пандев во Чешка – Ќе паднат и бразилски Флуминенсе и домаќинот Бохемијанс

Младинците на Академија Пандев од Струмица заминаа за Чешка каде ќе земат учество на престижниот ,,ЦЕЕ КУП,, во Прага. Младите ,,пандевци, се најдоа во групата со фаворитите на овој турнир ,,Бохемијанс,, од Чешка со кои играат во четврти  а веќе в петок струмичани се среќаваат сонадежите на повеќекратниот бразилски шампион ,,Флуминенсе,,.

,, Станува збор за силни противници со кои игравме и минатата година. Одиме за да го освоиме првото место во групата и да докажеме дека во Макеоднија има младински потенцијал. Посебно сме мотивирани за бразилците кои во Чешка доаѓаат од Англија од кои лани несреќно бевме поразени. Станува збор за силен турнир како италијанскиот Виареџо и наша цел ќе биде победи против бразилците и чесите ,, истакна Југослав Тренчовски кој по овој турнир очекува трансфер на уште неколку деца од Академијата во странски клубови

На ЦЕЕ Купот,, во Чешка учествуваат 12 младински екипи од Европа и Јужна Америка а ова е второ учество на младите пандевци кои лани настапот го завршија уште во групната фаза.

Related posts

Денеска предвелигденски Брера Струмица во Турново со штипска Брегалница за нова победа и опстанок

Две лица загинаа, а едно е повредено во сообраќајка на магистралниот пат Радовиш–Штип

Излезе од печат новата книга на Митрополитот Струмички Наум – „Еден од нас“