Милјарди евра за руска свадба, невестата во венчаница покриена со 25 кг. дијаманти

Рускиот милијардер Михаил Гуцериев, одвои вистинско мало богатство за венчавката на синот Саид Гуцериев (28)  и неговата сопруга, 19-годишната Хадиџа, одржана изминатиов викенд во Москва.

На свадбената церемонија присуствувале околу 600 гости, а свадбената торта била голема три и пол метри, пренесуваат руските медиуми. Ресторанот „Сафиса“ каде се одржуваше свадбената веселба, за оваа пригода бил комплетно украсен со цвеќиња, бидејќи семејството сакало просторот да наликува на рајска градина, што чинело повеќе од 200.000 долари.

Инаку, 19-годишната невеста е студентка на московскиот стоматолошки универзитет „Евдокимон“, а за свадбата за неа е специјално е изработена венчаница од Ели Сааб, „покриена“ со дијаманти и тешка 25 килограми. Венчалниот фустан чинел повеќе од милион  евра, додека вториот, додека вечерниот фустан во кој потоа се пресоблекла чини повеќе илјади евра.

Младенците и гостите уживаа во настапите на најголемите светски ѕвезди меѓу кои и Џенифер Лопез, Стинг, Енрике Иглесијас, Бијонсе и Елтон Џон не е никакво изненадување.

Настапот на Елтон Џон чинел седум милиони евра, додека сопственикот на нафтената компанија „Руснијефт“ за Џенифер одвоил пет милиони. Инаку, пејачката приватните забави ги наплаќа помеѓу околу милион до два, но овој пат настапот вклучувал и група танчери, а Лопез се пресоблекувала неколку пати.

Превземено од Fashionel.mk

Related posts

Што се случува со паричките кои туристите ги фрлаат во најпознатата фонтана во Рим?

Учителка од Србија не сака подарок за 8 Март: „Донирајте ги парите, јас имам сѐ“

(Видео) Познати јутубери разговараат за Александар Македонски: „Замисли, најпознатиот Грк во светот не е ни Грк