Меморијален турнир „Наши вечни херои“ во Радовиш

Вчера 19 Мај (недела) општина Радовиш по третпат го организираше традиционалниот меморијален турнир во мал фудбал „НАШИ ВЕЧНИ ХЕРОИ“, во чест на тројцата загинати бранители во воениот конфликт од 2001 година: Ерол Готак, Сашко Соколов и Коце Крстев.

Во соработка со Македонскиот полициски синдикат, најпрво во 11:30ч. од страна на неколку делегации беше положено свежо цвеќе пред спомен обележјето на загинатите бранители пред полициската станица во Радовиш, потоа заеднички беше проследен финалниот натпревар од меморијалниот турнир во мал фудбал, на кој оваа година најуспешна беше екипата на Кафе бар „Галактик“ од Радовиш а второто и третото место го освоија екипата на полициската станица од Прилеп и екипата на „Удобс – Стил“.

По завршувањето на натпреварите беа доделени пехарите и дипломите на победниците, благодарници на сите учесници и поддржувачи на меморијалниот турнир, како и плакети на семејствата на загинатите бранители.

Related posts

На 10 мај по 14 пат ќе се одржи Фестивалот на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“

Костадинов: Со новата градежна офанзива се опфатени сите населени места

Изложба „Стаклена соба: Дигиталниот свет – стапица за вашите лични податоци“ во Europe House Струмица