МВП Струмица со две победи во Скопје и тоа против подмладокот на шампионот МЗТ

Младите кошаркари на МВП Струмица остварија две победи против подмладокот на МЗТ Скопје. Првата во официјална конкуренција во категоријата М14  додека втората победа беше пријателска во категоријата М12. Со двете победи се докажува дека Струмица е расадник на млади кошаркари кои успеа да ги надиграт двата тима на актуелниот шампион на Македонија во овие две категории

Момчињата на МВП во првото коло од младинската лига М14 група А1 славеа победа против врсниците на МЗТ Скопје 1  со 56:71. Младите струмичани на терен покажаа дека се екипа за респект  чии амбиции се пласман во плеј офот. Победата не беше доведена во прашање во ниту еден момент иако младите на МЗТ се обидуваа да направат резултатски пресврт. Во ова група А1 освен овие две екипи се и екипите на Аба од Струмица, Плејмејкер, Вардар, Лирија 77 и Феникс.

По победата на момчињата во категоријата М14,  МВП Струмица славеше пријателска победа и со генерацијата  М12 и тоа повторно против МЗТ Скопје 1 и тоа со 27:38

Related posts

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција