Фото и Видео – Струмичката МВП Академија ги презентираше своите школи

Најмладата кошаркарска школа во Струмица ,, МВП Академијата,, на струмичкиот плоштад ги презентираше своите школи со кои во следната натпреварувачка сезона ќе атакуваат на високи резултати. Ова е најмладата кошаркарска школа која функционира шест месеци и веќе брои 120 членови како во машка така и во женска конкуренција. Со децата во престојнава сезона ќе тренираат врвни и професионално докажани имиња во кошарката како што се Власис Влаикидис, Петар Настев, Атанас Цикарски, Васко Глигоров, Антонио Иванов.

МВП академијата  ќе биде база за КК Струмица вели основачот на академијата Сашо Масев кој најави и повеќе турнири за младите како во земјава така и во странство бидејки воспоставена е соработка со хрватска Цедевита а во разговори се и со грчки Панатаинакос .Еве што истакна Сашо Масев кој заедно со Панајот Карапиперис ја основаа ова академија

Related posts

Денеска предвелигденски Брера Струмица во Турново со штипска Брегалница за нова победа и опстанок

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига