Макс најавуваше победа но се спаси од пораз – реми со Борац од Босна

Макс Струмица одигра нерешено 30:30 против Борац Бања Лука синоќа во спортската сала Парк. Иако најавуваа прва победа во регионалата Сеха лига, струмичани на крај се спасуваа од пораз. Противникот имаше предност во финишот од дуелот  од два гола но ,, рисовите ,, за една минута двата ја затресоа мрежата на гостите за реми и нов бод на салдото во ова регионално натпреварување.

Ова беше шести натпревар во СЕХА лигата за струмичани и второ реми покрај четирите порази.Без победа е и Борац, тим за кој ова беше само втор дуел во регионалното натпреварување.Најефикасен кај Струмица Макс беше Реваз Чантурија со 13 погодоци, додека кај Борац Даворин Вујовиќ имаше шест реализации.Следниот натпревар за Струмица е на 22 октомври против Спартак на гостински терен.

Related posts

ЦУК: Изби пожар во Домот за стари лица во струмичкото село Банско

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години