Видео – Ловџиите од Фазан-Василево и Беласица-Струмица вршеа прихранување на дивечот !

Членовите на Ловните друштва ,,Беласица,, од Струмица и ,,Фазан,, од Василево деновиве извршуваат прихранување на дивечот во овие лоши временски услови. Ловочуварските и стручните служби на овие друштва оставија храна на повеќе позиции на ловиштата со кои стопанисуваат ,,Фазан,, на ловиштето број 8 оставија зрнеста храна за ситен дивеч како што е полската еребица, фазанот и зајакот. Освен на ова ловиште извршено е прихранувње и на дивечот во ловиште број 3 кај Нивичино кое изобилува со дива свиња и срна. Паралелно храна е оставена и на дополнителни 4 позиции кон Велјуса, Сушево, Добрашинци и Пиперево.

Прихранување вршеа и членовите на ЛД Беласица од Струмица . Тие денеска на повеке позиции оставија храна на две ловишта при што најавија дека и во иднина ке се врши прихранување. Оставија луцерка, зрнеста храна но и компир обезбедени од самите ловџии и спонзори .

Од ЛД Фазан од Василево информираа дека е строго забрането движење во лоивиштата во денови кои не се утврдени за лов. Секој што ке биде затекнат ќе биде санкциониран. Во моментов е забранет ловот на зајакот полската еребица и фазанот . Дозволен е лов на дива свиња, прелетен дивеч но и штетниот како што е волкот и лисицата. Од Фазан и понатаму апелираат ловџиите да се придржуваат кон строгите законски прописи но и провилниците што ги има ова друштво

Related posts

Во Негорци се одржа Меморијален турнир во баскет 3Х3 „МИТЕ ТУТИ“

ЦУК: Изби пожар во Домот за стари лица во струмичкото село Банско

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници