Литературата и книжевното творештво може да не обединат, кажа академик Луан Старова на книжевната вечер во Струмица.

,,Во Балканска сага ништо однапред не е дадено, туку таа е една потрага по човечките односи. Јас пишувам и на македонски и на албански јазик, јас сум изненаден до кој степен луѓе од различна народност се препознаваат во ликовите на Балканската сага, во одделни романи. И тоа е сведоштво до кој степен човечката судбина е заедничка“ . Вака истакна академик Луан Старова на книжевната вечер во Струмица каде го престави циклусот ,,Балканска сага’’. Тој смета дека литературата и книжевното творештво може да ги обедини различностите бидејки секој поединец дели иста судбина и се соочува со истите проблеми

За Луан Старова и за неговите книжевни дела говореа Кире Козаров и Димитар Башевски, а осврт на првиот роман „Татковите книги“ од циклусот „Балканска сага“ за кои се напишани голем број критики, книжевни студии, говореше Ацо Гогов.За егзодусот во неговите романи од „Балканска сага“ говореше и Благој Стојанов од Здружението на бежанците „Незаборав“ од Струмица.Академик Луан Старова, од струмичкиот градоначалник, Коста Јаневски доби плакета со логото на општина Струмица 

 

Related posts

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години

Општина Струмица одбележа 121 години од загинувањето на Гоце Делчев