Кривична пријава за струмичанец за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

СВР Струмица поднесе кривична пријава против З.Б(52) од Струмица за неовластено производство и пуштањае во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Лицето на 30ти октомври 2017 година вил фатен од граничната полиција во реонот граничен камен 12 кај месноста викана „Војничка чешма“ со 21 килограм опојна дрога марихуана.

Од страна на СВР-Струмица превеземни се мерки и активности во насока на утврдување и идентификување на сторителот кој критичната вечер имал намера опојната дрога да ја криумчари, како и на идентификување на организарите на овој кривично правен настан, велат од полицијата, кои вчера извршиле претрес во неговиот дом.

-Вчера по претходно добиена наредба од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Струмица, извршен е претрес на дом и други простории каде што живее пријавениот. При претресот се пронајдени непозната бела прашкаста материја со маса од околу  19 грама и непозната растителна материја со маса од околу 25 грама (кои се дадени на дополнително вештачење); како и 16.200 денари, 4.055 евра, 120 швајцарски франци, 65 турски лири, 1000 унгарски форинти и 20 полски злоти; мобилни телефони и дигитална вага, рече Хризантема Рендевска од СВР Струмица.

По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица  изготвена е кривична пријава и со материјалните докази доставена  во ОЈО-Струмица.

Related posts

На 10 мај по 14 пат ќе се одржи Фестивалот на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“

Костадинов: Со новата градежна офанзива се опфатени сите населени места

Изложба „Стаклена соба: Дигиталниот свет – стапица за вашите лични податоци“ во Europe House Струмица