Креативна работилница по повод Светскиот ден на животната средина, 5 јуни

Македонија, Турција, Косово, Албанија и Србија се петте држави кои денес точно напладне се вклучија во акцијата за одбележување на Светскиот ден на животната средина, 5 јуни. Ученици од основните и средните училишта кои беа дел од креативната работилница посветена на климатските промени, цртаа на тема „Последици од глобалното затоплување и климатските промени„ , а сите заедно испратија една порака – како да ја заштитиме животната средина.

Целта на денешната работилница беше да се означи почетокот на кампањата „Локална кампања против климатските промени“ – проект финансиран од општина Струмица и ENV.net мрежата, и да се подигне свеста за влијанието на климатските промени, како и улогата на младите во решавање на последиците од климатските промени.

Настанот го организираа Еколошкото друштво „Планетум„ во соработка со ЕNV.net мрежата ( мрежа за развој во Западен Балкан и Турција, која и дава на граѓаните глас да се влијае врз реформите во процесите на животната средина за поблиска интеграција во ЕУ) и Балкански мостови.

Related posts

На 10 мај по 14 пат ќе се одржи Фестивалот на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“

Костадинов: Со новата градежна офанзива се опфатени сите населени места

Изложба „Стаклена соба: Дигиталниот свет – стапица за вашите лични податоци“ во Europe House Струмица