Краткиот филм „Farewell“ ја освои главната награда на 46-тиот државен натпревар за аматерски филм

Краткиот филм „Farewell“ ја освои главната награда на 46-тиот државен натпревар за
аматерски филм, филмот исто така ги освои сите авторски награди како: најдобра режија,
сценарио, музика, монтажа и камера.

Истиот краток филм пред неколку месеци освои прво место на интернационалниот натпревар
„FilmConvert Competition“, а беше номиниран за две награди на интернационалниот
натпревар „MyRodeReel“.

Делумно истата екипа од претходната година повторно спрема нов краток филм за како за
истите натпревари и фестивали, така и за побројни и фестивали од повисок ранг.
Новиот филм е трилер со научно фантастична тематика, тимот се надева да го изведи филмот
со помош на практични и визуелни ефекти, како и да направи обид за движење во овој
релативно нов правец за македонската филмографија.

Нивниот претходен филм можете да го погледнете на линкот подолу, а доколку сте
заинтересирани за повеќе информации со процесот на изработка на нивниот нов филм,
заследете ги на следнава Facebook страна.

Related posts

Претставата „Види, летам!“ на 10 мај на малата сцена во „Антон Панов“ – Струмица

Фондација Елеуса го најавува вториот хуманитарен настан „Децата со љубов – Концерт на добрината“

Градоначалникот Костадинов го честиташе 7 Мај – Денот на македонската полиција