Кој ќе биде кандидат за градоначалник на СДСМ за Струмица? Партијата спроведува вантрешна анкета

Социјалдемократскиот сојуз во Струмица спроведува анкета за избор на кандидат за градоначалник. Според информациите од внатрешни избори, партијата деновиве врши анкета на членството. Станува збор за телефонска анкета, односно со смс порака во која челновите избираат едно од четирите предложени имиња.

Социјалдемократите ги предлагаат:

  1. Костадин Костадинов- пратеник во Собранието
  2. Коста Јаневски-актуелен градоначалник на о.Струмица
  3. Зоран Ѓоргиев-директор на ЈПКД Комуналец
  4. Драган Поп-Стојанов-менаџер во приватен сектор

Од партијата најавуваат дека кандидат ќе биде оној што ќе има најголема доверба од членовите.

Related posts

УХМР: Променливо време со појава на локални врнежи и град

Се запалило патничко возило на регионалниот пат Струмица – Берово

Струмичанец со автомобил излетал од патот, тешко повреден сопатникот