Кој ајвар е поефтин, домашниот или купен од продавница?

Цената на пиперката годинава се движи од 25 до 30 денари. Ова е понудата што може да ја добиете речиси на сите тезги на пазарот. Септември е месец кога покрај основните трошоци, граѓаните даваат пари и за зимници. Канал ВИС истражуваше-Колку чини традиционалната македонска зимница-ајварот?

Пресметките покажуваат дека едно просечно четиричлено семејство за подготовка на ајварот купува 50 килограми пиперки, а цената на пиперката годинава чини околу 25 денари, тогаш само за пиперки треба да се издвојат 1250 денари. За 50 килограми пиперки потребни се околу 20 црни патлиџани, а тоа ќе ве чини 200 денари. Кога ќе се додадат и маслото 325 денари, како и дрвата потребни за печење на пиперките, излегува околу 2275 денари. Инаку, од 50 килограми пиперки во просек се добиваат околу 28 тегли ајвар, што значи дека една тегла ќе ве чини околу 65 денари. Во продавниците пак една тегла се продава околу 170 денари, што значи повеќето го практикуваат домашниот ајвар.

-Вчера бев во продавница и видов дека една тегла ја продаваат за 170 денари. Домашниот ајвар е повкусен, но и поефтин, затоа секогаш го приготвуваме дома-вели струмичанец.

Ако на сметката се додаде и работната рака и еден до два дена потрошени за правење, тогаш ајварот навистина е скапа зимница, но и покрај тоа е дел од трпезата на секое македонско семејство. Доколку се земат во предвид и трошоците за лутеница, туршија , малиџано , слатко, едно семејство треба да одвои половина просечна плата за подготовка на разни зимници.

 

Related posts

ООУ „Сандо Масев“ Струмица на карневал во Будва со маската Медени колачиња

Чешел и Кванташки пазар ќе работат со редовно работно време за велигденските празници

Костадинов: Се реализираат повеќе проекти во населеното место Банско