Конкурс: Навредете го Ердоган!

Aнгела Меркел нареди истрага против комичарот Јан Бомерман поради навреда на турскиот претседател Ердоган и со тоа ја отвори пандорината кутија. Критиките кон германската канцеларка пристигнуваат од различни страни, а можеби најкреативен е британскиот весник “The Spectator” кој на своите читатели им предложи занимлива понуда – тој кој најмногу ќе го навреди турскиот претседател ќе добие награда!

Кој ќе смисли најнавредлива песна за Ердоган ќе освои 1000 фунти. Наградата е донација на еден од читателите на весникот, објавил на својот твитер профил уредникот Фреди Греј.

Не е објавено до кога ќе трае огласот, но оваа понуда привлекла големо внимание на општествените мрежи.

Новинарот и политичкиот коментатор Даглас Мареј ги повика читателите да учествуваат во конкурсот.

-Фактот што Германија ја разгледува можноста да го испрати Бомерман на суд покажува дека таа земја се претворила во Ердоганова провинција. Јас сум роден Британец и роден сум слободен. Во името на тоа поминав цел викед во обид да напишам доволно навредлива песна на сметка на Ердоган. И ги повикувам сите да ми се приклучат – напиша Мареј.

Иако случајот со комичарот Јан Бомерман привлече најголемо внимание, комичарот не е еднинствениот кој ќе се најде пред судо заради навреда на турскиот премиер. Од кога е Ердоган на власт од 2014 година, отворени се околу 2000 истраги заради увреди на претседателот.

Related posts

Што се случува со паричките кои туристите ги фрлаат во најпознатата фонтана во Рим?

Учителка од Србија не сака подарок за 8 Март: „Донирајте ги парите, јас имам сѐ“

(Видео) Познати јутубери разговараат за Александар Македонски: „Замисли, најпознатиот Грк во светот не е ни Грк