Колони возила со илјадници македонци се упатија кон Грција за Велигден

Неколку илјади туристи од Македонија денеска наутро заминаа во Грција при што се создаде колони возила пред границата кај Гевгелија. Според фотографиите објавени на социјалните мрежи од страна на струмичани кои продолжениот празничен викенд  планирале да го поминат кај нашиот јужен сосед, се гледа колони со автомобили во сите ленти на граничниот премин Богородица при што чекале да ги поминат пасошките и царинските контроли. Засега нема информации колку време се чека за премин но според проценката на туристичките работници над 10 илјади македонски граѓани имаат намера првомајските и велигденските празници да ги поминат во Грција. Не е мала ниту бројката на грагани што се упатија во Спа центрите во Банско Бугарија. Според туристичките агенции речиси и нема неискоиристен аранжман од Грција и Бугарија што го понудиле изминатиов период за макеоднските грагани

Related posts

ЦУК: Изби пожар во Домот за стари лица во струмичкото село Банско

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години