Кои се новите директори на подрачните единици на јавните институции во Струмица

Речиси два месеца по превземање на извршната власт, Сдсм почна со промена на директорите во струмичките институции. Досега нови директори добија музејот, центарот за социјални работи, центарот за култура, управата за јавни приходи, а сменет е и началникот на струмичката полиција.

Националната установа завод и музеј Струмица досега ја раководеше познатиот археолог Зоран Рујак, а отсега Василка Ѓеоргиева, дипломиран правник, вработена во музејот. Старо нов директор има Центарот за социјални работи. По долгогодишното раководство, Кирил Поп Трајков го заменува Зоран Манев, кој на чело на оваа институција беше и за време на минатото владеење на владите предводени од Сдсм. И Центарот за култура Антон Панов има нов директор. Ванчо Ристов, вработен во оваа институција и актуелен директор на Фестивалот за камерен театар „Ристо Шишков“ ќе го замени досегашниот директор Иван Јовев. Досега само тој се огласи во јавноста за новата позиција. На својот профил на социјалната мрежа Фејзбук, Ристов напиша дека ќе се потруди да го оствари својот сон во културата. Настојувањата ќе му биле искрени, а репер ќе бидат европските стандарди. Ристов додаде дека Струмица мора да го врати приматот „Колевка на културата.“

Во Управата за јавни приходи, директор на регионалната дирекција е поставен Кирил Партенов, а неодамна е променет и началникот на Свр Струмица. Ѓорги Божинов го замени Танчо Пројковски, кој ја пршеше и функцијата помошник началник за преме на техничката влада минатата година.

Засега нема промени во здравството, како и во повеќе подрачни единици на министерствата и јавните претпријатија.

Related posts

На 10 мај по 14 пат ќе се одржи Фестивалот на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“

Костадинов: Со новата градежна офанзива се опфатени сите населени места

Изложба „Стаклена соба: Дигиталниот свет – стапица за вашите лични податоци“ во Europe House Струмица