Климатските услови годинава ги поместија сеидбените рокови на раноградинарството

Created by fCoder Graphics Processor

Климатските услови годинава ги поместија сеидбените рокови на раноградинарството. Наместо по 20 јануари, пролетната зелка почна да се сади од ноември, а не е исклучено идниот месец да почне и садењето на доматот, пиперот, краставицата, младиот компир, чиј вообичаен рок е средината или крајот на март.

Но , иако зелката се засеа порано а се очекува и другите култури да се поместат од вообичаениот рок за сеидба во раноградинарството ,но сепак најголема рак рана останува откупната цена.Од синдикатот на земјоделци се надеваат дека надлежните ќе превземат конкретни мерки така што зелката нема да изгние по нивите по цена на нашите пазари да се појави неконтролираниот увоз од Албанија и Турција.

Годинава според првичните и неофицијални проценки на сојузот се надеваат дека просекот на откупната цена на зелката ќе биде 20 денари а се очекуваат да бидат набрани над 50 илјади тони пролетнба зелка од микрорегионот.

Related posts

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години

Општина Струмица одбележа 121 години од загинувањето на Гоце Делчев