КК Струмица следната недела на турнир во Бугарија

КК ,,Струмица,, интензивно се подготвува за   новата првенствена сезона а паралелно работи на доекипирање на тимот со  кој ќе атакува на висок пласман во престојниот шампионат. Како што не информираше претседателот на клубот Лефтер Андонов при крајот на месецов ,,Струмица,, заминува на турнир во соседна Бугарија каде ќе се подига формата на играчите пред стартот на првенството.

,,Станува збор за Пловдив Kупот на кој освен ние  ќе играат и бугарските тимови Левски, Академик и Спартак. Ова е убава можност со силни тимови да ја утврдиме формата на нашите играчи со цел да се отстранат евентуалните недостатоци за да ги корегираме. Купот започнува на 29 септември а ние играме со Левски. Ако забележиме победа ќе играме за првото место со победникот од вториот меч ако не за трето место,, ни изјави Андонов

Инаку КК ,,Струмица,, за новата сезона во своите редови ги ангажираше Цветков кој по пауза од една година се враќа повторно на терените, Шајкаров кој лани настапуваше во Молдавија, Арсоски од Охрид, Делипетров а тука се и Макенаџиев, Стојменов, Абазовик., Абрашев, Георгиев и Витанов

Од странците КК ,,Струмица,, има американско трио и тоа Kевин,  Гилберт и  Дејхл.

Тимот во новата сезона ќе го води Власис Влаикидис

Related posts

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција