Кикбоксерот Игор Петков стана татко – Ана ми донесе нова музика !

Кикбоксерот Игор Петков од Струмица кој зад себе има повеќе титули во овој спорт но и во ММА дисциплината, од неодамна стана татко. Неговата сопруга пејачката  Гонце  на свет донесе здраво женско бебе. Игор и Гонце кои се пресреќни  одлучиле приновата да ја крстат Ана која во домот им донела дополнителна музика со нејзиниот детски плач

,,Пресреќни сме. Тоа е најубавото нешто што ми се има случено. Со Гонце неможеме да се одделиме од Ана. Таа е премногу слатка и засега мирна иако како бебе одвреме навреме ни потпевнува со детски плач.,, ни истакна Игор кој тврди дека Ана ќе била убава и музикална на мајка си а храбра и силна на него.

Игор Петков е член на КБК ,, Тим Зоран,, од Струмица и е професионален кикбоксер и со години во својата категорија е актуелен Шампион. Тој паралелно учествува и на повеќе меѓународни турнири во ММА дисциплината и забележува одлични резултати

Related posts

Денеска предвелигденски Брера Струмица во Турново со штипска Брегалница за нова победа и опстанок

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига