Карпи се одронија на трим патеката ,,Св Илија,, во Струмица

Последиците од нелегалната сеча во шумскиот појас околу трим патеката кон Св Илија над Струмица веќе се очигледни. Контуинираните дождови кои паднаа овие денови во струмичко предизвикаа одронувања на дел од карпите вдолж патеката од Ловен дом до манастирот Св илија. Карпи тешки и по стотици килограми вчера се струполиле во долот а некои застанале на патеката. Станува збор за локации каде има карпест дел. При падот на карпите оштетени се и неколку клупи за одмор што се поставени по трим патеката. Среќа е што во критичните моменти немало посетители и рекреативци на патеката која стана посакувано место за прошетка и рекреација на струмичани

Related posts

Чешел и Кванташки пазар ќе работат со редовно работно време за велигденските празници

Костадинов: Се реализираат повеќе проекти во населеното место Банско

Црвен крст и Доброволното противпожарно друштво Струмица потпишаа меморандум за соработка