Кадетите на Пандев во финалето од Купот – Беласица противник ако утре слави над Работнички

Кадетите на Академија Пандев обезбедија финале од фудбалскиот Куп на Македонија откако денеска славеа со три спрема два против скопски Вардар. Стрелци на головите за Академијата беа Размовски, Велиновски и Атанасов. Во првиот натпревар овие две екипи ремизираа но по денешната победа кадетите ќе се борат за КУП титулата. Противник на Академија Пандев може да бидат кадетите на Беласица кои утре во реванш полуфиналниот натпревар се среќаваат со тимот на Работнички. По првиот натпревар немаше победник мегу Беласица и Работнички па утре со евентуална победа на струмичките сино бели на стадионот Младост со почеток во 16 часот ќе има струмичка пресметка за освојување на Куп титулата во кадетска конкуренција

Related posts

Денеска предвелигденски Брера Струмица во Турново со штипска Брегалница за нова победа и опстанок

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига