,,Спас за Валандово,, утре на блокади оти Сечкова не свика седница за референдум

Иницијативата ,,Спас за Валандово,, утре на протест.Целосно ќе ја блокираат клучката Пирава-Валандово – Марвинци од 11 до 14 часот.Главната артерија која ги поврзува Валандово со Гевгелија и Демир Капија.Протестот е резултат на одбиеното барање денеска да има итна седница на совет на општината на која требаше да се распише референдум за граѓаните од општина Валандово.Со референдум и граѓаните на оваа општина бараат да се изјаснат дали се за стопирање на работата на ридникот за бакар Казандол и уздавање концесии за нови рудници на нивна територија.Иницијаторите уште минатата недела најавија дека ќе излезат на улица доколку не им се уважи барањето и конечно се распише референдум. Денска стапивме во контакт и со Јасмина Сечкова претседателка со советот на општина Валандово.Информираше дека ќе ги почитуваат законските регулативи но не најавија кога и дали воопшто ќе се свика седница по иниција на ,,Спас за Валандово,,.

Related posts

ЦУК: Изби пожар во Домот за стари лица во струмичкото село Банско

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години