Има ли шанси Струмица да стане „силиконска долина“ во Македонија?

Веб дизајн,безжичен интернет, изработка на апликации и мрежи за фудбалски стадиони низ Европа се само дел од активностите што ги работат фирмите на струмичанецот Душко Кончалиев. Тој, по 17 години работа и живеење во САД, одлучи да се врати назад и тука да ја развива информатичката  индустрија. Смета дека Струмица има огромен потенцијал во оваа насока. Потребно е создавање кадар за да се задоволат потребите на пазарот и да се одговори на професионалнот ниво, вели Кончалиев.

Во таа насока одат и неговите напори за креирање професионалци и нивнен понатамошен настап на ит-пазарот.

Од светските практики, смета дека треба поголема добверба и акцент во стратап бизнисите. Банките да ги олабават критериумите за финансирање на идеи од кои подоцна може да се извлече профит.

Од ИТ секоторт велат дека најмногу старт ап бизниси има регистрирано во Скопје. На второ место  е Битола.

Старт ап компаниите се ново формирани и брзорастечки бизниси кој имаат за цел да одговорат на барањата на пазарот со развој на одржлив бинзис модел околу иновативен производ, услуга, процес или платформа.

Тие имаат и најголема шанса да пропаднат, но помал дел успеваат да станат големи и влијателни. Гугл, Амазон, Снапчат, Аирбнб се дел од стартапите кои денес станаа глобални индустрии.

Related posts

Општина Струмица одржа свеченост по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

На 10 и 11 мај Свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка

44-годишна жена го загуби животот пред струмичко Костурино, во неа удрило патничко возило