ДОДЕКА НЕ СЕ ФОРМИРА ТЕХНИЧКА ВЛАДА, ИЗБОРИТЕ МОЖАТ ДА СЕ ОДЛОЖАТ, ВЕЛИ ЏАФЕРИ

Сè додека премиерот Зоран Заев не поднесе оставка и не се формира техничка влада изборите можат да се одложат. Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите кажа дека според Пржинскиот договор изборите се одржуваат 100 дена по формирањето на техничката влада, па оттаму смета Џафери тие не можат да се одложат откако новата влада ќе биде изгласана во Собранието.

 

„Без Пржински договор изборите ги распишува Собранието 60 дена пред нивно одржување. Овде имаме друга ситуација, техничка влада која треба да ги спроведе изборите. Е сега може да се случи премиерот да не си даде оставка и тогаш нормално дека се одложуваат изборите“, рече Џафери на денешниот брифинг со новинарите.

Новата техничка влада треба да биде избрана најдоцна до 3 јануари на полноќ. Премиерот Зоран Заев треба да си поднесе оставка, да биде избран нов технички премиер и нова техничка влада. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе добие министри во Министерството за внатрешни работи и во Министерството за труд и социјална политика, како и заменик-министри за финансии, земјоделие и информатичко општество и администрација.

Џафери кажа дека опозицијата и власта постигнале договор да не се блокираат законите и очекува на утрешната седница тие да се изгласаат. Договор не е постигнат за Законот за одбрана.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека нема намера да поднесе оставка ако опозицијата ги блокира законите кои ќе овозможат повисоки пензии и плати во образованието и здравството.

Related posts

Денеска е Лазарева сабота, утре е „Цветници“

МОН: Наставата од деновите на гласање ќе се надомести во работни денови

Нови цени на горивата од полноќ: Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат