Дневниот центар за децата со посебни потреби од Струмица го прослави вториот роденден

Две години дружење, учење, стекнување нови навики. Дневниот центар за децата со посебни потреби од Струмица денес прослави две години од своето постоење. Дечињата пресреќни ги пречекаа гостите, а на штанд беа изложени предмети изработени од нивните вредни рачиња. Сите земаа по едно за спомен, а за возврат оставаа парични средства кои ќе бидат наменети за токму за нивниот втор дом-Дневниот центар. Радоста не можеа да ја сокријат ниту родителите, според нив, ваков центар и беше повеќе од потребен на Струмица.

Во посета на Дневниот центар беше и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи од Струмица, Кирил Поп Трајков. Според него, Дневниот центар досега успешно работи, а во иднина доколку се во можност планираат истиот да се прошири.

Засега Дневниот центар за деца со посебни потреби од Струмица го посетуваат 10 дечиња. Во Република Македонија отворени се и функционираат 25 дневни центри за деца со умерени и тешки пречки во менталниот развој.

Related posts

Ученици од основните и средните училишта на општински натпревар по прва помош

РЦСОО „Никола Карев“ Струмица го одбележа својот патрон

Гевгеличанка измамила Грк со 2000 евра, лажела дека е вработена во Царина