ДА и девојките играат фудбал – ЖФК Тиверија со кампања против дискриминацијата и расизмот во фудбалот

Шеесетина момчиња и девојчиња на возраст од 6-12 години денеска имаа заенички тренинг како дел од Проектот „Да и девојките играт фудбал“ на Женскиот фудбалски клуб „Тиверија“ од Струмица, поддржан од мрежата ФАРЕ.

-Самата мрежа ФАРЕ, се има за цел да ги отстрани нееднаквостите од фудбалот, односно се бори против дискриминацијата и расизмот кои не смее да ги има во фудбалот. Заинтересираноста кај девојките за фудбал е секој ден се поголема. Во Струмиц аимаме и најголем број регистрирани фудбалерки на ниво на Македонија. Нашата најмлада членка е родена во 2010 година, што покажува дека фудбалот не важи повеќе за машки спорт и се игра од најмлади нозе, рече Александра Ристовска- капитен на ЖФК „Тиверија“ македонкса репрезентативка   и проектен координатор.

НАстанот е организиран и во соработка со Фудбалскиот клуб „Беласица“, а проектот е финансиран од Општина Струмица и Фудбалската Федерација на Македонија.

Related posts

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција