Давид Мијалов од Радовиш, по четврти пат – Шампион на Македонија во Триатлон

Младиот Давид Мијалов по чеврти пат едно по друго  ја освои титулата Државен првак на Македонија откако победи и на последната трка организирана од Триатлон федерацијата на Македонија. Ова момче од Радовиш немаше сериозен противник во четирите трки за ова календарска 2016 година во категоријата кадети каде имаше апсолутна доминација. Двапати беше најбрз во дуатлон трките а двапати во триатлон со што е еден од најперспективните спортисти во Македонија

Мијалов од Радовиш  освен во земјава постигна и одлични резултати и на меѓународна сцена. Благодарение на него, неколкупати се слушаше македонската химна на триатлон натпреварите во Србија и Бугарија каде Давид постигнуваше недостижни времиња за останатите учесници.

Триатлонот е спортска дисциплина каде учесниците пливаат, возаат велосипед и трчаат и преставува доста тежок спорт, каде натпреварувачот треба да ја распореди силата во текот на целата предвидена патека.

Related posts

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција