Грција останува со затворени граници за граѓаните oд трети земји, пренесува српси „Новости“ повикувајќи се на неофицијални извори. Ова значи дека Македонците, како играѓаните на Србија, нема да можат да патуваат во Грција ни по 1 октомбри.
Поради неповолната епидемиолошка состојба во земјата, грчките власти забранија влез на наши граѓани на почетокот на јули, а таа одлука беше продолжувана во неколку наврати.
Вчера, министерот за здравство Венко Филипче кажа дека се водат разговори меѓу земјите од регионот за да се отворат границите без ПЦР тестови.