Време е за реванш ! Пандевци во среда на Младост го пречекуваат лидерот Шкендија

Фудбалерите на Академија Пандев кои по првиот круг дуели со екипите од Првата лига се наоѓа на врвот од елитното фудбалско натпреварување, во среда на стадионот Младост во Струмица го пречекува тимот на Шкендија од Тетово. Станува збор за дерби натпревар на 12 коло каде се среќаваат лидерот и третопласираниот тим на табелата чии амбиции сезонава се висок пласман.

Тетовчани во првата меѓусебна пресметка на свој терен славеа со 2:1 па пандевци најавуваат реванш за августовскиот пораз за што ги повикуваат сите лубители на фудбалот да бидат пристуни на стадионот Младост во среда со почеток во 14 часот и 30 минути за да дадат подршка

Шкендија досега има само еден пораз и еден нерешен исход и 9 победи. Од тука воопшто нема да биде лесен натпреварот во среда на Младост . Тимот на Академија Пандев има свои адути. Информациите говорат дака по вчерашниот нерешен исход со фенерџијата сите мисли се насочени кон тетовци

Против Шкендија неизвесни се Дориев и Иванов кои се жалат на повреди но од стручниот штаб се надеваат дека ќе може да дадат свој придонес за дуелот кој има огромна важност како за престиж така и за докажување дека ,,пандевци,, не случајно се во врвот на мак фудбалот

Related posts

Денеска предвелигденски Брера Струмица во Турново со штипска Брегалница за нова победа и опстанок

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига