Во Југоистокот, СДСМ ќе го има мнозинство во Советите во 9 општини, во Радовиш ќе одлучуваат независните

Во сите општини од југоистокот коалицијата на СДСМ освои најмногу советнички мандати е исходот од неделните локални избори.  Освен социјалдемократите, советници ќе има и коалицијата на ВМРО ДПМНЕ а во дел од општините од овој дел на државата советничко место ќе има за Демократската партија на турците но и за независните листи за советници .

Во Струмица коалицијата на СДСМ има  14 советнички места  додека коалицијата на ВМРО ДПМНЕ 9. Сигурно мнозинство СДСМ има и во Валандово каде осови 9 мандати наспроти  6 те на  ВМРО ДПМНЕ. Во Богданци соодносот е  7:4 а во Дојран 5:4. Еден советник повеќе,  коалицијата на СДСМ ќе има и во општините Василево, Босилово и Ново село . Во сите овие три општини СДСМ ќе има 8 советника а коалицијата на ВМРО ДПМНЕ по 7.

Во општините Гевгелија, Радовиш и Конче во новите Совети ќе партиципираат независни советници  и кандидати од Демократската партија на турците. Во Гевгелија СДСМ освои 10 мандати, ВМРО ДПМНЕ 7 а два мандата одат кај независната листа предложена од Томе Ќичуков.

Во Конче владеачката СДСМ ќе има 5 советника, ВМРО ДПМНЕ 3 и еден Демократската партија на турците.

Во сите овие општини комбинаториките тврдат дека СДСМ ќе го има мнозинството во Советите. Најнеизвесно ќе биде во Радовиш. Таму СДСМ доби 8 мандати, 7 освои коалицијата на ВМРО ДПМНЕ, два листата за советници предложена од  Горан Поцев, и по еден ДПТ и листата на Игор Петков. Во Радовиш токму незавинсите ќе одлучуваат кој ќе го има приматот во Советот дали социјалдеморкатите или коалицијата на  ВМРО ДПМНЕ.

Related posts

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години

Општина Струмица одбележа 121 години од загинувањето на Гоце Делчев