Во струмичко Банско почна расадувањето на пиперката

Земјоделците од струмичко Банско почнаа со расадувањето на лутата и благата пиперка под пластеници. Во полн ек е сеењето за производство на расад на оваа земјоделска култура. Семејството Мустафови досега има засадено 20 илјади корени пипер, а планира да произведе уште 10 илјади. Речиси сите 30 илјади корени им се наменети за продажба па се надеваат дека годинава откупната цена ќе биде повисока од ланската.

Лани, цената на пиперот се движеше од 10 до 50 денари по килограм. Според земјоделците и производителите на оваа култура, оваа цена е премногу ниска и недоволна за покривање на производствените трошоци.

Земјоделците од струмичко Банско очекуваат веќе во мај да ги наберат и првите количини на пипер.

Related posts

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години

Општина Струмица одбележа 121 години од загинувањето на Гоце Делчев