Во сабота- Куп пресметка меѓу Наковски Волеј и Македонија Макс

Жрепката посака пресметка меѓу Наковски Волеј и Македонија Макс за пласман во полуфиналето од Купот на Македонија во одбојка за жени. Првиот натпревар е закажан за престојниот викенд на 18.02 а реваншот на 1 март. Ова е уште еден испит за двата тима кои создадоа градско ривалство во женската одбојка. Првиот меч го добија избраничките на Зоран Јанков и тоа првенствен. Но во Купот работите секогаш се поинакви. Првиот натпревар е закжан во сабота  со почеток во 18 часот во салата на СОУ Димитар Влахов

На денешната жрепка за четвртфиналните дуели Струмица ја доби Шутова а првиот натпревар го играат во Кичево додека на 1 март во Струмица.

Според пропозициите на ОФМ четвртифналето се игра во две средби. При евентуален нерешен исход од 1:1 во победи ке одлучуваат освоените сетови а доколку е идентично тогаш поен количникот

Related posts

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција