Во драматична завршница Наковски волеј подобар од битолчанки

Наковски Волеј со 3:2 во сетови забележа победа против Пелистер волеј од Битола во натпревар кој имаше драматична и неизвесна завршница.

Домакинките дуелот го започнаа мошне лошо. Приемот не функционираше ниту пак нападот. Сето тоа го искористија гостинките од Битола кои со 25:15 и 25:17 поведоа со 2:0. Откако се мислеше дека Пелистер волеј ќе дојде до првата победа во Шампионатот, одбојкарките на Наковски волеј се разбудија. Возвратија во следните два сетаа. 25:18 и 25:11.

Во петиот одлучувачки сет струмичанки добро почнаа но дозволија битолчанки да се вратат во игра за победа израмнувајки 14:14. При овој резултат гостинската одбојкарка Симоновска сервираше во аут додека што предизвика негодување кај клупата на Пелистер а во следниот напад домакинките беа посигурни на мрежа за 16:14 за конечни 3:2 во сетови.

По дуелот неслужбенио лице  од гостинскиот табор  не задоволен од судењето во финишот од натпреварот, им се нафрли на судискиот тандем Попов-Василевски по што мораше да интервенира полицијата 

Related posts

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција

Девојчињата од ЖФК Тиверија добија Дипломи за учинокот од минатиот месец

ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиле е државен првак во футсал за основни училишта во машка конкуренција