Видео – Кошаркарските ветерани од Струмица викендов организираат меморијален турнир во сала Партизан

КК ,, Ветерани,, Струмица викендов во спортската сала ,,Партизан,, организираат меѓународен меморијален турнир во чест на  кошаркари кои оставиле белег на струмичката и македонската кошаркарска сцена. На турнирот ќе учествуваат екипи од Велес Кавадарци, Битола, Лесковац од Србија но и домаќините КК ,,Ветерани Струмица,,

,, Целта е да им одадеме почит на седумина наши почината колеги по кошаркарска линија, да ја анимираме кошарката и да ја вратиме публиката во спортските сали на кошаркарски натпревари. Да се потсетиме и да другаруваме,, кажааа ветераните  од Струмица.

Related posts

Денеска предвелигденски Брера Струмица во Турново со штипска Брегалница за нова победа и опстанок

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига