Видео – Дориев ем повреден, ем донесе победа на Академија Пандев

Академија Пандев стаса и до 13 тата победа во второлигашкиот шампионат. Во дербито од 15 тото коло славеа нагости против Новаци со 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше Љупчо Дориев кој беше несигурен во стартниот состав на Академијата заради повреда, но јунакот смогна сили и заигра и го донесе победоносниот гол. Тој во 66 минута најдобро се снајде во шеснаесетникот на домаќините и ја затресе мрежата на Новаци

По 15 одиграни кола, Академија Пандев има дури 13 бода повеќе од второпласиораниот Еуромилк и се најсериозните кандидати следната сезона да бидат прволигаши

Еве го голот на Дориев во 66 минута

Related posts

Денеска предвелигденски Брера Струмица во Турново со штипска Брегалница за нова победа и опстанок

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига