Видео – Градоначалникот Костадинов ќе работи на популаризација на валандовската Ракијада

Во сабота во Валандово ќе се одржи традиционалната ,,Ракијада,, каде ќе земат учество неколку лозари кои ќе печат ракија на валандовски начин. Станува збор за манифестација која има за цел  да ги  афирмираат квалитетните вински сорти грозје од ова поднебје, манифестација  која новиот градоначалник Перо Костадинов сака да ја популаризира и надогради со промоција на автохтоните локални производи  од валандовско. Годинава Ракијадата ќе биде во рамките на одбележувањето на 6 ноември – Денот на  општината, за што во недела ќе има планинарски марш а во понеделник ќе биде доделена шесто ноемвриската награда за што овие денови ќе се одлучува кој ќе го понесе ова општинско признание.

 

 

Related posts

Ученици од основните и средните училишта на општински натпревар по прва помош

РЦСОО „Никола Карев“ Струмица го одбележа својот патрон

Гевгеличанка измамила Грк со 2000 евра, лажела дека е вработена во Царина