Виареџо- Пандевци со 3:0 ja надигрaа Апиа од Австралија

Младите на ,,Академија Пандев,, со 3:0 славеа победа против австралискиот состав Апиа во рамките на второто коло од Виареџо Купот. На стадионот,, Фердини,, младите струмичани со головите на Миловановиќ, Мишов и Радојчич ги декласираа ,,кенгурите,, од Австралија и ги задржаа шансите за пласман во втората фаза од овој реномиран турнир на кој учествуваат 32 екипи од целиот свет. Според информациите ,, пандевци,, покажале супериорна игра во текот на целата средба. Во 10 минута Миловановиќ го открива резултатот а 6 минути подоцна во листата на стрелците се запишува и Мишов а во воторото полувреме на 3:0 зголемува Радојчич.

Related posts

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција

Девојчињата од ЖФК Тиверија добија Дипломи за учинокот од минатиот месец

ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиле е државен првак во футсал за основни училишта во машка конкуренција