Ветрот корне дрвја и пластеници во струмичко

Ветрот беснее низ струмичкото поле. Откриени посеви, искинати пластеници, се нанесуваат штети на зимските насади во нивите.

„Цела вечер дежураме ама додека не се смири ветрот ништо не можеме ниту да работиме ниту да спасиме. Лошо, имам откриено 12 пластеници“, рече земјоделец за канал Вис.

Силниот ветер почна уште синоќа и во струмичко достигна брзина од 50 километри на час. Откорнати дрвја, искршени табли се само дел од штетите во градот.

„Утрово кога доаѓав на работа, видов дека во дворот на црквата всети Димитриј има откорнато дрво. Вистина, има плитки корења, но сепак огромно дрво е а ветрот го покосил. Веднаш дојдоа овде од пожарната и го исекоа за да не се повреди некој. Чекаме сега да пристигне Комуналец за да ги собере гранките“, изјави очевидец.

Ветрот беснееше и во градот. Корнеше дрвја и носеше најразлични предмети и отпад.

Според синоптичарите, силен ветер ќе има и утре но ќе дува од јужен правец.

Related posts

Претставата „Види, летам!“ на 10 мај на малата сцена во „Антон Панов“ – Струмица

Фондација Елеуса го најавува вториот хуманитарен настан „Децата со љубов – Концерт на добрината“

Градоначалникот Костадинов го честиташе 7 Мај – Денот на македонската полиција