Беласица и Академија Пандев без голови-голманите виновници !

Градското дерби меѓу ,,Беласица,, и ,,Академија Пандев,, заврши без голови.  Најголеми виновници што повеќе илјадната публика на стадионот ,,Младост,, не виде голови  под вклучените рефлектори, беа голманите Филип Лазаревски и Дончо Николов. Двајцата  со своите одлични интервенции не дозволија да се радуваат противничките фудбалери, кои посакуваа во текот на целиот натпревар да докажат дека се подобри во однос на градските ривали. Дуелот беше во рамките на третото коло од Третата фудбалска лига исток по кое ,,Академија Пандев,, е без пораз по двете убедливи победи додека ,,Беласица,, на своето салдо додаде реми откако во првиот натпревар славеше а во второто коло претрпе пораз во Делчево

Related posts

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција