Без законска основа Владата ги намали блок дотациите на О. Струмица за детска заштита

Министерството за финансии не ги намалил туку ги зголемил блок дотациите за детска и социјална заштита за општина Струмица. Ваква е реакцијата на ВМРО ДПМНЕ на вчерашната прес конференција на сектретарот на Општина Струмица на која обвини дека е доведено во прашање згрижувањето и воспитувањето на децата во општинските установи. Во реакцијата од ова партија стои дека клон градинката во Ново Село се одвоила од градинката во Општина Струмица. Поради тоа со ребалансот на државниот буџет блок дотацијата за Ново Село изнесува 1 415 илјади денари, а на општина Струмица се намалува за само 715 илјади денари. Со тоа според ВМРО ДПМНЕ средствата не биле намалени туку се додале повеќе за Ново Село. И денес од општина Струмица истакнаа дека се згрозени што наместо држава одговор на ова прашање даваат од партијата.Во клоновите на градинката Детска Радост од септемрви се запишани околу 1000 деца со вработен статус на 92 лица. Со години наназад општина Струмица постојано се судира со истиот проблем при што според Парталов за последното писмено барање за зголемување на намалената блок дотација до Министерството за труд и социјална политика, кон крајот на 2014 година општината не добила повратен одговор.

Related posts

ЦУК: Изби пожар во Домот за стари лица во струмичкото село Банско

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години