Бегалците го блокираа граничниот премин Евзони

Полициските службеници го обезбедуваат преминот и не дозволуваат бегаците да се упатат кон Богородица.Блокади има и на патот кај Поликастро.Легнати на асфалтот ниту дождот кој паѓа од утрово не ги поколеба да се тргнат од патот кој го блокираа.Веќе е видлива голема колона на товарни возила како и автомобили и целосен застој на патот кај Поликастро.Извикуваат непрестано да се отворат границите,жалат за загинатите во Брисел и по никоја цена нема да се вратат во Турција бидејки веќе биле информирани дека треба да се вратат таму.

Безбедносните сили на македонија придружувани од странските полицајци се веќе распределени покрај граничниот премин богородица ,но сите се надеваат дека ситуацијата нема да ескалира односно грчките полицајци нема да дозволат бегалците кои се на Евзони да почнат да се движат кон Богородица.

Related posts

Во Негорци се одржа Меморијален турнир во баскет 3Х3 „МИТЕ ТУТИ“

ЦУК: Изби пожар во Домот за стари лица во струмичкото село Банско

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници