А. Пандев стаса до осмата победа, падна и Вардар од Неготино

Дебитантот во Втората фудбалска лига на Македонија, екипата на Академија Пандев сигурно плива во второлигашките води. По десет одиграни натпревари ,,пандевци,, се на лидерската позиција и веќе има 6 поени предност пред останатите екипи. Во рамките на 10 коло А.Пандев со головите на Дориев и Кочовски славеа со 2:0 доволно за нови три бода и зацврстување на првото место кое носи директен пласман во фудбалската елита на Македонија.

Хоризонт Турново не успеа да оствари цел погодок на гостувањето на Влазаерими каде со голот на Ефремов имаа водствот се до последните секунди од натпреварот кога беше досуден пенал за домакините кои беа ефикасни за 1:1.

 

Related posts

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција