АМСМ- Состојба на патиштата

СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Потсетување за возачите дека законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата трае до 15 Март 2016 година.

Related posts

Општина Струмица одбележа 121 години од загинувањето на Гоце Делчев

Две лица загинаа, а едно е повредено во сообраќајка на магистралниот пат Радовиш–Штип

Излезе од печат новата книга на Митрополитот Струмички Наум – „Еден од нас“