АМСМ предупредува: Внимателно возење по влажните коловози

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива без забрани, по влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

На регионалниот пат Р-2137 пред населено место Војшанци, поради деформации на мостот (за возила со вкупна маса над 5 тона) сообраќајот се пренасочува преку мост на река Вардар, врска А1 со Р-2137 (Демир Капија – Корешница – Војшанци).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Related posts

Александра Јанева го промовираше новиот сингл „Одвреме навреме“, спотот го снимала сама со телефон и gimbal во Италија

Првиот македонски хорор филм „М“ на Вардан Тозија на 31 октомври во Струмица

Во недела во Подареш ќе се одржи четвртиот по ред Меѓународен фестивал „Есенски плодови“