Академија Пандев славеше против Борец, ЖФК Тиверија со победа го стартуваше првенство

Ланскиот Куп-освојувач Академија Пандев освои нови три бода во Првата македонска фудбалска лига откако на „Младост“ славеше над повратникот во елитата тимот на Борец од Велес

„Пандевци“ одиграа доминантен натпревар и запишаа посакувани бодови на своето конто. Борец имаше свои прилики кои не ги искористи, а потоа дојде казната и се беше потешко во мечот со фаворитот на хартија. Стрелци на головите беа Дориев и Танушев .Со триумфот со „чиста мрежа“, Академија Пандев остана единствена екипа во ПМФЛ која не примила гол оваа сезона.

Викендов стартуваше и новиот женски фудбласки шампионат. Тимот на Тиверија славеше со убедливи 14:0 против ЖФК Кочани

Related posts

Денеска предвелигденски Брера Струмица во Турново со штипска Брегалница за нова победа и опстанок

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига