Академија Пандев против Македонија ЃП, Беласица против Силекс во 1/8 финалето од Купот

Денеска во комплексот „Куќа на фудбалот“ на ФФМ беа извлечени осминафиналните двојки во Купот на Македонија. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Силекс ќе игра против струмичка Беласица. Во локално дерби, Вардар ќе го пречека тимот на Скопје, додека Шкендија ќе игра против Ренова. Еден натпревар одлучува за место на екипите во четвртфиналето од Купот на Македонија. Натпреварите од осминафиналната фаза ќе се одиграат на 20 октомври со почеток во 14:00 часот

СТРУГА ТРИМ ЉУМ – БОРЕЦ 1919

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА

ВАРДАР – СКОПЈЕ

БРЕГАЛНИЦА – ОХРИД ЛИХНИДОС

БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС

ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ

ШКУПИ 1927 – ТИКВЕШ 1930

Related posts

Денеска предвелигденски Брера Струмица во Турново со штипска Брегалница за нова победа и опстанок

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига