Академија Пандев подобра од Беласица и се поблиску до Втората лига

Со головите на Златевски Дориев и Кочовски, Академија Пандев славеше над Беласица со резултат 3:0. Дербито од Tретата лига исток  се играше во Турново пред повеке од илјада посетители каде и двата тима демонстрираа добар фудбал, но поконкретни беа домакините.

Откако промашија пенал,, пандевци,, набргу го поправија впечатокот. Најпрво  Златевски  го откри резултатот. На 2:0 зголеми Дориев кој демонстрираше одличен продор кон мрежата на Беласица а крајниот резултат го постави Кочовски во второто полувреме. Академија Пандев до крајот на средбата имаше уште две ,,зрели,, шанси за погодок, но одбраната на струмичките сино бели беше присебна

Беласица беше надиграна во секој поглед иако имаа и тие шанси за постигнување гол, но некако не беа моќни на терен и немаа конкретна завршница. Со ова победа “пандевци” си ги отворија портите за пласман во Втората лига а Беласица шансите ке ги бара следната сезона.

Related posts

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција