Австриската министерка за внатрешни работи: “Балканската рута е затворена и ќе остане затворена“

Австриската министерка за внатрешни работи, Јохана Микл-Леитнер, во разговор за германскиот весник „Ди Велт“ рекла дека „балканската рута“ по која поминуваат бегалците ќе остане трајно затворена.

Да потсетиме, во текот на вчерашниот ден Македонија ја затвори границата со Грција – одлуката доаѓа непосредно по пораката од Словенија, Хрватска и Србија, земји низ кои мигрантите се движат кон Европа, дека зачително ќе го заострат пуштањето преку границата.

„Мојата позиција е јасна: балканската рута е затворена и ќе остане затворена“, порача
Микл-Леитнер. Таа вели дека само таков „константен сигнал“ може да ги одврати мигрантите.

Да потсетиме, минатиот месец Австрија започна домино ефект по вовоедувањето на дневните ограничувања за влез на мигрантите во нивата земја.

Related posts

Што се случува со паричките кои туристите ги фрлаат во најпознатата фонтана во Рим?

Учителка од Србија не сака подарок за 8 Март: „Донирајте ги парите, јас имам сѐ“

(Видео) Познати јутубери разговараат за Александар Македонски: „Замисли, најпознатиот Грк во светот не е ни Грк