Регион

70 годишниот Симеон Николов од Струмица е рекордер. 160 пати дарувал крв

70 годишниот Симеон Николов од Струмица 160 пати несебично дарувал крв и се вбројува меѓу најхуманите граѓани во општината.Не жали ниту за една капка дарувана крв, оти како што вели и сам некому живот значи.

Симеон вели дека додлувањето награди и признанија за него значат многу,среќе е што ги знае и дел од пациентите на кој им е дарувана неговата крв а со нив има изградено и пријателски однос кои траат со години.

По повод светскиот ден на Црвениот крст синоќа во домот на АРМ беше организиран настан на кој на крводарителите кои дарувале крв, 5, 10, 25 и 50 пати им беа доделени признанија и пригодни подароци ,но рекордерот во дарување крв е Симеон Николов.

Од почетокот на годината до денеска во Струмица се евидентирани 684 дарувања крв. Како што вели секретарот на Општинската организација на Црвен крст, Маријана Тошева, ова бројка не задоволува, бидејќи според планот за 2019-та година планирани се околу 2700 дарувања крв. Таа упати апел до сите граѓани кои сакат и имат можност, да се вклучат во дарувањето крв, посебно сега во летниот период кога и е најпотребна.

Препорачуваме:

Седми хуманитарен новогодишно-божиќен концерт на струмичките гимназијалци

Донација на турската Тика во земјделска опрема во општина Василево

До петок сите граѓани што скенираат фискални ќе го добијат повратот на ДДВ

Стојне Митева